Народна поезија - категорија

обара повеќе

обараат
Вид збор: Глагол, свршен
пребара, претресе
Англиски: search Албански: kërkoj

обата повеќе

Вид збор: Број
(без член) Само за лица од машки род - и едниот и другиот.
Англиски: both
Примери:
И обата девери се вдовци.
обајцата
Англиски: both
Примери:
Ќе ми донесеш нишан од обата - од косата на жената од кошулата на мажот.

обденица повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Име на ѕвездата што се гледа наутро; планетата Венера.
Англиски: morning star
Примери:
Угреала ѕвезда Обденица.

обесен повеќе

обесени
Вид збор: Придавка
Што служи за обесување.
Примери:
Горо ле, горо зелена... имаш ли дрво обесно?

обрани повеќе

обранат
Вид збор: Глагол, свршен
подрани
Англиски: get up early
Примери:
Обранила девојката за на вода.

оброди повеќе

обродат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде многу род, роди, народи нешто во голем број.
Англиски: fruit Албански: jep shumë fruta
Примери:
Јаболкницата обродила / на една ветка пет јаболка.

оброни повеќе

обронат
Вид збор: Глагол, свршен
За солзи - пролее, пророни.
Англиски: burst Албански: derdh, shpërthej
Примери:
Оброни солзи радосници.

овчарин повеќе

Види и: овчар (м.)
мн. овчари
Вид збор: Именка, машки род
овчар
Англиски: shepherd

огнебојка повеќе

мн. огнебојки
Вид збор: Именка, женски род
Како епитет за пушка.
Примери:
Пушка огнебојка.

огрева повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
изгрев
Англиски: sunrise

одврти повеќе

одвртат
Вид збор: Глагол, свршен
За очи - извади, ископа.
Англиски: cut out Албански: nxjerr
Примери:
Му одврти црни очи.

оловат повеќе

оловатиот
Вид збор: Придавка
Оловен.
Примери:
Врати оловати.

омразниче повеќе

Види и: омразен (прид.)
мн. омразничиња
Вид збор: Именка, среден род
омразен, омразит
Примери:
Омразита трева, омразно билје.

он повеќе

Види и: тој (зам.)
она
Вид збор: Заменка
Лична заменка за трето лице.
Англиски: he Српски: он
Примери:
Он или некој друг како него.

опои повеќе

опојат
Вид збор: Глагол, свршен
Опие.

отсреќа повеќе

Вид збор: Прилог
Од спротивна страна, спроти, во пресрет.
Примери:
Отсреќа му дете голо, босо.
а - б - в - г - д - ѓ - ж - з - ѕ - и - к - л - љ - н - о - п - р - с - т - у - ф - ц - ч - џ - ш